• четврток, 26 март 2026

Италијанците гласаат на референдум за реформи во правосудството предложени од премиерката Мелони

Италијанците гласаат на референдум за реформи во правосудството предложени од премиерката Мелони

Рим, 22 март 2026 (МИА) - Италијанците денеска и утре гласаат на референдум за контроверзните реформи во правосудството предложени од премиерката Џорџа Мелони, што би можело да биде клучен тест за нејзината десничарска коалиција пред парламентарните избори идната година.

Избирачите на дводневното гласање треба да одлучат дали ќе ги поддржат уставните измени со кои би се одвоиле функциите на судиите и јавните обвинители, што е прашање што одамна ја дели домашната политичка јавност, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Гласањето следи по жестока кампања во која се спротивставија таборот на поддржувачи предводен од Мелони против таборот на противници од левиот центар. рп/

Фото: АНСА

Остани поврзан