• недела, 29 септември 2024

Експерти на ОН ги повикаа производителите на оружје да не го снабдуваат Израел

Експерти на ОН ги повикаа производителите на оружје да не го снабдуваат Израел

Ерусалим, 20 јуни 2024 (МИА) - Група експерти на ОН денеска ги повикаа производителите на оружје и муниција да ја прекинат испораката на Израел, предупредувајќи ги дека би можеле да бидат соучесници во можното кршење на меѓународните и човековите права.

Група од 30 експерти, меѓу кои и неколку специјални известувачи на ОН, велат дека производителите на оружје кои го снабдуваат Израел треба да престанат да го прават тоа дури и ако го прават тоа врз основа на важечки дозволи за извоз, пренесуваат израелските медиуми.

„Тие компании, испраќајќи оружје, делови, компоненти и муниција на израелските сили, ризикуваат да бидат соучесници во сериозно кршење на меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на експертите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан