• недела, 22 декември 2024

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 17 записници во текот на ноември

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 17 записници во текот на ноември

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Во текот на месецот ноември, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 17 едукативно-информативни записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека активностите се одвивале на булеварите Илинденски одреди, Теодосиј Гологанов и Осми септември, како и на улиците Бутелска, Јуриј Гагарин, Васил Чакаларов, Ѓорѓи Сугаре, Петар Ацев, Бапчор, Лазар Поп Трајков и Јорганџиска улица лоцирана во Старата скопска чаршија.

Воедно, Еко-патролата продолжува со спроведување секојдневни дежурства и зачестен патролен надзор на повеќе локации во сите скопски општини, меѓу коишто се булеварот Македонско-косовска бригада и улиците Џон Кенеди, Втора македонска бригада и Максут Садик - спроти Амбасадата на САД, каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. дма/aa/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан