• четврток, 19 декември 2024

Еколошка акција во Куманово

Еколошка акција во Куманово

Куманово, 17 октомври 2024 (МИА) - Одделението за заштита на животна средина и природата од Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово во соработка со Мен енд Маунтен /Генералка – Скопје и со поддршка на невладината организација „СОН“ од Гент, Белгија, денеска организираа еколошка акција – чистење на речното корито на Кумановка и зелените површини на паркот за рекреација на градскиот кеј, каде беа поставени шеснаесет нови канти за отпад. 

Како што соопштија денеска од одделението за заштита на животната средина, фокус на културата и општественото живеење, создавање на поздрава и поеколшка средина во Куманово се приоритетни заложби на организаторите на денешната еколошка акција.

Во акцијата учествуваа екипи на ЈП „Чистота и зеленило“, активисти од здружението „Кумановски акцијаши“ и претставници од општинската администрација, градоначлникот на Куманово, Максим Димитриевски.

На секоја канта има испишано двојазична еколошка порака (на македонски и албански јазик), која има за цел да ги мотивира граѓаните да ја чуваат животната околина, односно да се крене свеста за заштита на средината на повисоко ниво. ам/мд/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан