• недела, 22 декември 2024

Екоздруженија бараат идните градоначалници да се придржуваат до принципи за праведна транзиција

Екоздруженија бараат идните градоначалници да се придржуваат до принципи за праведна транзиција
Скопје, 8 о,ктомври 2021 (МИА) - Еколошки здруженија преку меморандум ги повикуваат кандидатите за градоначалници на локалните избори 2021 за регионите во кои се врши експлоатација на јаглен, како и сите региони со отворени рудници и на чија територија има индустриски капацитети со високи емисии на стакленички гасови, да се обврзат дека ќе почитуваат осум принципи, со цел да го поттикнат процесот на праведна транзиција во земјава. Помеѓу осумте принципи кои се наведени во меморандумите до градоначалниците со кои еколошките здруженија ги повикуваат се разбирање на концептот праведна транзиција, определување на релевантното територијално подрачје, познавање на потенцијалот на регионот, согласност од оние кои ги донесуваат одлуките, спроведување консултации со заедницата, учење од успешните приказни, поддршка на централно ниво и идентификување финансиски инструменти. Според нив, светот денес не може да си дозволи постоење на ситуација во која има индустрии кои интензивно користат јаглерод и, за таа цел, регионите кои се богати со јаглен и лигнит мора да се справат со предизвикот наречен праведна транзиција. - Најважно е да се започне со праведна транзиција за борба против климатските промени и понатаму да развива достојна работа и квалитетни работни места во согласност со развојните приоритети утврдени на национално ниво, велат од Еко-свест. Од таму потсетуваат дека земјите од Западен Балкан, од кои повеќето сè уште се зависни од овие ресурси, ја потпишаа Софиската декларација и се заложија да станат клима неутрални до 2050 година. За таа цел овие држави треба да обезбедат транзиција кон декарбонизиран енергетски сектор, а праведноста на оваа транзициј, според нив, е клучен аспект во овој процес.
- Сакаме да ги потсетиме носителите на одлуки во државава дека најавеното продолжување со работа на ТЕЦ Осломеј е спротивно на заложбите кои ги преземаа токму со Софиската декларација и Зелениот договор за земјите од Западен Балкан како и со националните стратешките документи а се коси и со високите климатски цели поставени во ревидираниот национален придонес кон UNFCCC. Било каква добивка која ќе ја имаме како резултат на продажбата на електричната енергија добиена од јаглен граѓаните кои живеат во близина на термоелектраните ја плаќаат со своето здравје, здравјето на своите деца и скусени години од својот живот. Општините зафатени со овие процеси треба да бидат главните носители на процесите на праведна транзиција во земјата, велат тие. ар/сп/

Остани поврзан