• сабота, 20 април 2024

ЕИБ ќе обезбеди 500 милиони евра за обнова на Турција по земјотресот

ЕИБ ќе обезбеди 500 милиони евра за обнова на Турција по земјотресот

Брисел, 21 март 2023 (МИА) - Европската инвестициска банка привремено ја укина речиси четиригодишната забрана за финансирање во Турција за да обезбеди 500 милиони евра за реконструкција на земјата по земјотресот.

ЕИБ практично ги суспендираше сите заеми за Турција по спор за нафта и гас кај Кипар во 2019 година, но сериозноста на минатомесечниот земјотрес во кој загинаа речиси 56.000 луѓе во Турција и соседна Сирија ја поттикнаа да направи исклучок.

„Заедно со Европската комисија работиме на заеднички сеопфатен пакет, од кои до 500 милиони евра ќе испорача ЕИБ“, најави потпретседателката на банката, Лилијана Павлова.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говорејќи на Меѓународната донаторска конференција во Брисел, објави дека целиот пакет на Комисијата и ЕИБ за помош на Турција изнесува една милијарда евра. Сите земји од ЕУ, вклучително и Кипар, треба официјално да дадат зелено светло за одобрување на помошта од ЕИБ за Турција. паг/

Остани поврзан