• петок, 22 ноември 2024

Едукативна сообраќајна кампања за првооделенците во „Христо Узунов“

Едукативна сообраќајна кампања за првооделенците во „Христо Узунов“
Охрид, 9 септември 2022 (МИА) - Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП, во рамки на превентивните активности „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, одржаа едукативно-информативна средба со учениците во прво одделение од основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид. Полициските службеници и учениците, како што соопшти СВР Охрид, одржаа интерактивен сообраќаен час на отворено, со изнесување корисни информации за нивната безбедност во сообраќајот, за потребата од внимателност при движењето од домот кон училиштето и обратно, и почитувањето на сообраќајните знаци. Во разговори со возачите на моторни возила, пак, била потенцирана потребата од повнимателно управување со возилата во близина на училиштата заради заштита на децата како учесници во сообраќајот. На најмладите им беа подарени сообраќајни боенки и друг сообраќаен едукативен материјал. сс/ар/

Остани поврзан