• сабота, 27 јули 2024

Едно лице загина, шестмина се повредени во силна експлозија во магацин во изградба во Албанија

Едно лице загина, шестмина се повредени во силна експлозија во магацин во изградба во Албанија

Тирана, 1 март 2024 (МИА) - Едно лице почина, а шестмина се повредени во силната експлозија што се случи попладнево, околу 16 часот,  во голем магацин во изградба во албанскиот град Љушња.

Според албанските медиуми меѓу повредените е и пратеникот на Социјалистичката партија Бујар Чела, но не се знае во кое својство тој бил на местото.

 Првите сознанија говорат дека при работа врз објектот, кран го допрел високонапонскиот далековод и поради тоа дошло до експлозија, која била многу силна, и се слушала  низ целиот  градот, наведуваат медиумите.

На местото на настанот се полициски сили, амбулантни и противпожарни возила. вт/ссм/

Остани поврзан