• четврток, 04 декември 2025

Едно лице загина во невреме во Јужна Кореја

Едно лице загина во невреме во Јужна Кореја

Сеул, 17 јули 2025 (МИА) – Најмалку едно лице загина, а повеќе од 100 луѓе се евакуирани откако обилни врнежи од дожд ја погодија Јужна Кореја, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи и безбедност на земјата.

Од синоќа во одредени делови на регионот Јужен Чунчонг, јужно од Сеул, наврнале повеќе од 400 милиметри дожд.

Две лица кои останале заробени во лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Чунчонг успешно се спасени, пренесе агенцијата Јонхап. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан