• сабота, 22 февруари 2025

Еднократна финансиска помош остварија 19 студенти во Општина Маврово и Ростуше

Еднократна финансиска помош остварија 19 студенти во Општина Маврово и Ростуше

Дебар, 22 јануари 2025 (МИА) - Во Општина Маврово и Ростуше, во оваа академска учебна година, право на еднократна финансиска помош остварија 19 студенти, редовни како и вонредни, но кои не се вработени, а се запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за академската 2024/2025 година.

-На јавниот повик објавен во декември беа пријавени 19 студенти и по разгледување на доставените пријави, соодветната комисијата, одлучи сите пријавени да го остваруват ова право, бидејќи сите ги исполнуваа условите. Набрзо се очекува средствата во износ од по 10 илјади денари, што е за 4 илјади повеќе во однос на претходните години да им бидат исплатени, рече Омер Муратоски, назначен службеник за млади.

Според него, оваа финансиска помош се доделува, четврта година по ред, со цел мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите.

Оваа можност, почна да се аплицира од академската 2021/22 години, и до сега, вклучувајќи ги и годинешните, ја остваруваат 103 студенти.

Општина Маврово и Ростуше од 2018 година еднократен паричен надоместок доделува и за секое новороденче, во семејства, кои живеат постојано на територијата на општината, кој од септември минатата изнесува 9.000 денари а четврта година по ред надоместок за секое прваче во износ од по 6.000 денари, кои ќе продолжи да ги исплатува и ова година. вт/

Фото: МИА

Остани поврзан