• петок, 22 ноември 2024

Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран

Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран

Техеран, 29 јуни 2024 (МИА) - Единствениот реформски кандидат на претседателските избори во Иран е во водство при преброени повеќе од 14 милиони гласачки ливчиња по вчерашното гласање, објави иранската државна телевизија.

Реформаторот Масуд Пезешкијан во оваа фаза доби 5,9 милиони гласови, додека неговиот противник Саид Џалили доби 5,5 милиони гласови.

Засега нема податоци за излезноста на гласачите.

Другите двајца кандидати, парламентарниот спикер Мохамед Багер Галибаф и шиитскиот свештеник Мостафа Пурмохамади, во оваа фаза добија 1,89 милиони и 111.900 гласови.

Гласачите имаа избор меѓу тројца тврдокорни (хардлајнери) и еден реформист, кој е кардиохирург. На жените не им беше дозволено да се кандидираат за функцијата.

До гласањето дојде откако претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа заедно со неколку други официјални лица во мај. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

 

 

Остани поврзан