Единаесет млади дел од новиот циклус обуки на Рудникот „САСА“
- Единаесет млади лица ќе имаат можност да ги зголемат своите знаења и да стекнат практични вештини од областа на електротехниката и машинството, преку обуката која во следните три месеци ќе ја
Скопје 6 мај 2021 (МИА) - Единаесет млади лица ќе имаат можност да ги зголемат своите знаења и да стекнат практични вештини од областа на електротехниката и машинството, преку обуката која во следните три месеци ќе ја посетуваат во Тренинг центарот на Рудник „САСА“.
Од „САСА“ додават дека учесниците кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат соодветни сертификати кои се признаени од државата, а оние што ќе покажат најдобри резултати во текот на обуката ќе се стекнат со дополнителни поени при аплицирање за работа во рудникот. Во текот на траењето на обуката, учесниците ќе добиваат месечен надоместок од компанијата за покривање на нивните трошоци.
Обуката се одвива со физичко присуство а ја изведуваат искусни предавачи и обучувачи од Рудник САСА и надворешни партнерски компании. ар/сп/