• недела, 22 декември 2024

ЕВРО2024: Премиерниот натпревар го следеле 22 милиони телевизиски гледачи во Германија

ЕВРО2024: Премиерниот натпревар го следеле 22 милиони телевизиски гледачи во Германија

 

Берлин, 15 јуни 2024 (МИА) – Воведниот натпревар на Европското фудбалско првенство во Германија во кој домаќинот синоќа ја совлада Шкотска со 5-1 во Минхен, собра 22,49 милиони гледачи пред германскиот јавен сервис ЗДФ.

Ова е надминување на бројката од 17 милиони гледачи кои ги следеа натпреварите меѓу Германија против Шпанија и Костарика за време на Светското првенство во Катар 2022 година.

Во 2022 година, најголема гледаност од 18 милиони гледачи постигна женската репрезентација во финалето на Европското првенство против Англија.

За време на последното ЕВРО2021, четири од натпреварите на Германија надминаа 20 милиони гледачи, со максимум од 27,36 милиони за осминафиналето во кое германската репрезентација загуби од Англија. ег ФОТО: УЕФА/Фејсбук

Остани поврзан