• петок, 22 ноември 2024

ЕВРО 2020: Де Бруин најавен во почетниот состав за дуелот со Италија

ЕВРО 2020: Де Бруин најавен во почетниот состав за дуелот со Италија
Минхен, 2 јули 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска Кевин де Бруин ќе може да и помогне на репрезентацијата на Белгија во четвртфиналето на ЕВРО 2020. Според „Скај Спортс“, играчот на Манчестер сити ќе биде во почетниот состав на средбата со Италија. Де Бруин се повреди на почетокот на второто полувреме во осминафиналето против Португалија и го напушти мечот. Натпреварот Белгија - Италија ќе се одигра вечер од 21 часот во Минхен. зс/

Остани поврзан