• недела, 22 декември 2024

Европскиот парламент одобри над еден милијарда евра помош за пет земји погодени од поплави во 2023 година

Европскиот парламент одобри над еден милијарда евра помош за пет земји погодени од поплави во 2023 година

Брисел, 8 октомври 2024 (МИА) - Европскиот парламент денеска одобри повеќе од еден милијарда евра од Фондот за солидарност на ЕУ за да помогне во напорите за обновување на пет држави членки на ЕУ погодени од тешки поплави во 2023 година.

Италија ќе добие 378,8 милиони евра за да ги покрие штетите од поплавите во регионот Емилија-Ромања во мај 2023 година. Дополнителни 67,8 милиони евра ќе бидат доделени за регионот Тоскана по поплавите од октомври и ноември минатата година. Словенија ќе добие 428,4 милиони евра за справување со последиците од поплавите во август 2023 година. Австрија ќе добие 5,2 милиони евра, Грција – 101,5 милиони евра, а Франција – 46,7 милиони евра.

Помошта ќе покрие дел од трошоците за итни и обновувачки операции, како што се поправка на оштетената инфраструктура, заштита на културното наследство и спроведување на операции за чистење.

Членовите на Европскиот парламент ја изразија својата „длабока солидарност со сите жртви и нивните семејства“ и побараа зголемување на фондовите за справување со зголемениот број природни катастрофи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан