• недела, 21 јули 2024

Европската куќа Крива Паланка домаќин на саем за кариерно советување на младите од североистокот на земјава 

Европската куќа Крива Паланка домаќин на саем за кариерно советување на младите од североистокот на земјава 

Крива Паланка, 7 декември 2023 (МИА) – Саемот на средни стручни училишта што се одржа во Европската куќа Крива Паланка ги презентираше достапните стручни насоки за развој и усовршување на вештини на деветтодделенците што своето средно образование ќе го продолжат во стручните паралелки што им нудат дуално образование во Крива Паланка и Куманово.

-Нашето кривопаланечко средно училипте „Ѓорче Петров“, со бројни признанија за најчисто и најбезбедно училиште, се претстави со достапните медицинска, градежна струка, електро-техничка струка, угостителска насока, професии што се дефицитарни и барани на пазарот на труд, а  истовремено се изучуваат во средното образование во градот низ пракса благодарение на дуалното образование. Исто така на овој базар на  вештитни и саем за промоција на стручно образование  своите стручни насоки ги презентираа и  СОУ „Перо Наков“, ОСТУ „Наце Буѓони“ и ССОУ „Киро Бурназ“ Куманово, со цел присутните млади од основните училишта од општините од североистокот да можат детално да се запознаат со истите, за понатамошно насочување на нивната образовна надградба, информираат од Европската куќа Крива Паланка.

Саемот беше масовно посетен од основците кои имаа можност да разговараат со професорите на штандовите поставени од стручните училишта и да се информираат за сето она што ги очекува доколку се одлучат за одредена стручна дејност.

Овие училишта редовно реализизраат и проекти од „Еразмус плус“ програмата на ЕУ ки овозможуваат мобилност на младите и наставниците.

„Еврогајденс“ саемот за кариерно советување и насочување на учениците е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како дел од бројните активности што ги реализира во оваа Европска година на вештини, 2023, и целта на настанот е да се истакне значењето на изучувањето вештини. ид/хс/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан