• понеделник, 23 декември 2024

Европската комисија го поздрави договорот на Европскиот парламент и Европскиот совет за Фондот за Западен Балкан

Европската комисија го поздрави договорот на Европскиот парламент и Европскиот совет за Фондот за Западен Балкан

Брисел, 4 април 2024 (МИА) - Европската комисија го поздрави денеска договорот на Европскиот парламент и Европскиот совет за формирање Фонд за реформи и раст за Западен Балкан, порачувајќи дека фондот претставува понуда без преседан со која земјите од регионот ќе можат да добиваат погодности од членството во ЕУ уште пред самото пристапување.

„Фондот ќе обезбеди зголемена финансиска помош во замена за социо-економски и фундаментални реформи дефинирани во амбициозните реформски агенди кои ги подготвуваат партнерите од Западниот Балкан“, се вели во соопштението на ЕК.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека проширувањето е „клучен геостратешки приоритет“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан