Европол: Во Шпанија се уапсени 42 осомничени за трговија со канабис и хероин
- Во Шпанија, во заедничка акција на полициските сили од Франција, Шпанија и Турција, уапсени се 42 лица осомничени за шверц на големо количество канабис низ Западна Европа, како и за трговија со хероин во ЕУ.

Хаг, 25 јуни 2024 (МИА) - Во Шпанија, во заедничка акција на полициските сили од Франција, Шпанија и Турција, уапсени се 42 лица осомничени за шверц на големо количество канабис низ Западна Европа, како и за трговија со хероин во ЕУ.
Во акцијата е уапсен и водачот на бандата, кој со лажен идентитет бил во Шпанија, соопшти Европол.
Дополнително, извршени се 28 претреси на повеќе локации во Гранада, Малага и Севиља, како во резиденцијални обејкти, така и во објекти за производство на дрога. рп/
Фото: МИА архива