• четврток, 04 декември 2025

Евролига: Ернангомез најкорисен играч во четвртфиналните натпревари

Евролига: Ернангомез најкорисен играч во четвртфиналните натпревари

 

Скопје, 24 април 2025 (МИА) – Кошаркарот на Панатинаикос, Хуанчо Ернангомез денеска е прогласен за најкорисен играч (МВП) на првите натпревари од четвртфиналната плејоф серија во Евролигата.

На натпреварот против Ефес, кој Панатинаикос го доби со 87:83, Ернангомез забележа 20 поени и 16 скокови, со што го израмни рекордот на Евролигата по број на собрани топки во плеј-оф натпревар во модерната историја.

Воедно, Ернангогмез го заврши натпреварот и со три асистенции, три украдени топки, две блокади и индекс на корисност 40, што е трет највисок забележан во плејоф натпревар во модерната ера на Евролигата.

Ернангомез беше избран во втората најдобра петорка на Евролигата за оваа сезона, откако во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 10,3 поени, 6,7 скокови, 1,4 асистенции и индекс од 15,4.

Втор во изборот за МВП на првите натпревари од четвртфиналето беше крилото на Олимпијакос Саша Везенков со индекс 31, пред центарот на Ефес, Винсент Поаре со индекс 29.

ФОТО: Икс

 

 

Остани поврзан