• петок, 17 мај 2024

Евакуација и откажани летови во Јужна Кореја поради обилни врнежи

Евакуација и откажани летови во Јужна Кореја поради обилни врнежи

Сеул, 14 јули 2023 (МИА) - Обилните врнежи во Јужна Кореја доведоа до откажување на повеќе од сто летови и илјадници домови без струја.

Откажани се повеќе од 130 летови, а до 17 часот одложени се околу 270 летови.

Прекини на струја се регистрирани во повеќе од 4.000 домаќинства во главниот град Сеул, а повеќе од 130 лица се евакуирани низ целата земја, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека едно лице е исчезнато, а друго е повредено поради обилните дождови. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан