Дурант потпиша двегодишно продолжување на договорот со Хјустон Рокетс во вредност од 90 милиони долари
- Кевин Дурант стана најплатениот играч во историјата на НБА.
Хјустон, 19 октомври 2025 (МИА) - Кевин Дурант стана најплатениот играч во историјата на НБА.
Според инсајдер Шамс Чаранија, 37-годишниот напаѓач се согласил на двегодишно продолжување на договорот со Рокетс во вредност од 90 милиони долари. Новиот договор вклучува опција за играч за сезоната 2027/28.
Дјурант имаше право на максимално продолжување од 120 милиони долари, но кога го избра Хјустон како свој нов тим, свесно се откажа од приближно 30 милиони долари за да му обезбеди на клубот финансиска флексибилност и да постави основа за долгорочно партнерство.
Со својот нов договор, Кевин Дурант стана најплатениот играч во историјата на НБА според заработката во кариерата, со 598,2 милиони долари (тековни и идни). Тој го надмина Леброн Џејмс, кој има 583,9 милиони. зс/
Фото: ЕПА