• четврток, 26 март 2026

ДУИ: 2.500 измами на ВРЕДИ и исклучувањето на Албанците од институциите

ДУИ: 2.500 измами на ВРЕДИ и исклучувањето на Албанците од институциите

Скопје, 17 август 2025 

ВЛЕН излажа кога вети 2.500 вработувања. Реалноста е сосема поинаква: стотици Албанци беа отпуштени од работа, додека новите вработувања можат да се избројат на прсти – за по некој од тесното семејство на раководителите на ВРЕДИ. Нивните ветувања станаа предмет на потсмев, до тој степен што и министерот Минчев го нарече ова ветување на Изет Меџити „Алиса во земјата на чудата“, разобличувајќи ги во секоја лага и јавно посрамувајќи ги, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го објавува интегрално.  

Пред ова, Минчев јавно призна дека Албанците се намалени во пресметките – од 29,5% на само 24,3%, дури и помалку од 2002 година кога беа 25,17%. По оваа манипулација, ВМРО го реализира своето предизборно ветување: укинување на балансерот. Тие го инструментализираа Уставниот суд и го укинаа овој механизам, кршејќи го Уставот – Амандман VI, кој гарантира правична и соодветна застапеност како уставна вредност.

Без балансер, Албанците се претворени во нула во државните институции. Многу институции ги прогласија Албанците за непожелни. Нема никаков механизам за контрола. Ветувањата за медицинските сестри во Тетово исчезнаа без трага, законот никаде го нема, а Мицкоски јавно им ја затвора устата на своите албански партнери секогаш кога сакаат да зборуваат за вработувања. А тие молчат. Продолжуваат да молчат.

ДУИ ги разобличува измамите на ВРЕДИ и бара одговорност за секое ветено и изгубено работно место, со што е прекршен Уставот. Албанците заслужуваат вработување, застапеност и достоинство – не манипулации и бришење од институциите. Државата можеме да ја изградиме само заедно, без диференцијален третман кон ниту една заедница.

ДУИ

Остани поврзан