ДУИ: Северна Македонија сè повеќе поврзана со „Српскиот свет“ и преку него со „Рускиот свет“
- ДУИ секогаш стои пред реалноста и пред конкретните достигнувања за државата: Ја зачленивме Северна Македонија во НАТО. Ги започнавме преговорите со Европската Унија, с евели во соопштението на ДУИ, коешто МИА го објавува интегрално.
Скопје, 7 септември 2025
ДУИ секогаш стои пред реалноста и пред конкретните достигнувања за државата: Ја зачленивме Северна Македонија во НАТО. Ги започнавме преговорите со Европската Унија, се вели во соопштението на ДУИ, коешто МИА го објавува интегрално.
•Го започнавме стратешкиот дијалог со САД, ставајќи ја државата во центарот на трансатлантското партнерство.
• Ја предводевме ОБСЕ во најголемата безбедносна криза во Европа, на почетокот на руската агресија врз Украина, зајакнувајќи ја меѓународната улога на нашата земја.
• Ги донесовме во Скопје најважните светски лидери и го подигнавме профилот на државата на меѓународната сцена.
• За првпат ја усогласивме надворешната политика со таа на ЕУ, воведувајќи санкции кон Русија и протерувајќи руски дипломати.
Додека оваа влада на Мицкоски и ВРЕДИ донесе сосема поинаква реалност:
• Ги блокираа преговорите со Европската Унија.
• Наместо стратешко партнерство со САД и ЕУ, избраа стратешко партнерство со Унгарија.
• Наместо грантови и финансиска поддршка од ЕУ, приоритет даваат на кинески кредити преку Унгарија.
• Наместо европска интеграција, зборуваат за заеднички пазар со Србија и Унгарија.
Ова е реалноста на ВРЕДИ: Северна Македонија сè повеќе поврзана со „Српскиот свет“ и преку него со „Рускиот свет“. И ова не го кажуваме ние, туку тоа го констатираа 461 европратеник, кои со своето гласање го усвоија извештајот што јасно зборува за оваа опасна ориентација.
Граѓаните секојдневно гледаат како „српскиот свет“ продира во секој општествен и институционален сегмент.
Ова е горчливата реалност што ја донесоа Мицкоски и ВРЕДИ. ДУИ ќе продолжи да стои наспроти тоа, бранејќи ја евроатлантската ориентација на државата.
Демократска унија за интеграција
Фото: МИА Архива