ДУИ: Османи пред граѓанските организации ги презентираше механизмите за заштита од корупција и подобра ефикасност
- Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот интерес. На дневна основа ќе се објавуваат јавни табли, каде што сите активности на општината ќе бидат прикажани со рокови, за граѓаните да бидат информирани за секоја работа што ја извршува општината. Секое барање, секое прашање на граѓанинот ќе добие одговор во рок од 48 часа. Ова е еден од најголемите проблеми за кои граѓаните се жалат со познатата изјава „општината ништо не работи“. Ќе се формираат и тимови за брзи интервенции, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 22 август 2025
Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот интерес. На дневна основа ќе се објавуваат јавни табли, каде што сите активности на општината ќе бидат прикажани со рокови, за граѓаните да бидат информирани за секоја работа што ја извршува општината. Секое барање, секое прашање на граѓанинот ќе добие одговор во рок од 48 часа. Ова е еден од најголемите проблеми за кои граѓаните се жалат со познатата изјава „општината ништо не работи“. Ќе се формираат и тимови за брзи интервенции, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.
Вториот сет механизми се однесува на темата борба против корупцијата. Бидејќи тоа е една од темите што го уништија и деградираа Чаир, коруптивниот начин на работа. Јавните набавки, тендерите, ќе се обработуваат и отвораат со пренос во живо пред јавноста. Граѓаните ќе можат да ја следат постапката директно, од објавата па се до изборот на компаниите. Претставници на невладините организации ќе бидат дел од тимовите во целата постапка на јавни набавки. На овој начин граѓаните и НВО ќе ги направиме чувари на јавните пари. Ќе се создаде онлајн платформа, каде што секој трошок ќе биде објавен. Кој го доделил, за што е доделен, кој го платил и кој е корисник на средствата. Ќе се вклучи вештачка интелигенција, за да се отстрани човечкиот фактор при определување на добитниците, при одлучување за конкурси, како што е во европските земји, интелигенцијата ќе може објективно да ги оцени критериумите.
И третиот сет, „Стража на градењето“. Урбаниот хаос, покрај корупцијата и неефикасноста во работата, се трите столбови што ги оставија граѓаните разочарани, незадоволни и што целосно го деградираа Чаир. Ќе ги направиме граѓаните директни мониторинг-набљудувачи. Ќе го поставиме урбанистичкиот скенер, во реално време граѓаните ќе знаат што се гради, кој гради, дали има градежна дозвола, до кога важи градежната дозвола... сите аспекти што се поврзани со едно градење во општината. Во секоја градежна зона ќе поставиме постер со QR-код. Граѓанинот ќе помине и само со мобилен ќе го скенира QR-кодот и ќе ги добие сите информации за градбата. Ќе се воспостави телефонска линија на која анонимно граѓаните ќе пријавуваат секоја неправилност, секоја жалба, секоја бесправна градба... и општината ќе реагира со тимот за брзи интервенции.
Ќе извршиме целосна ревизија на сите процедури за градба. По 19 октомври, Чаир ќе работи поинаку, со ефикасност, транспарентност, без корупција и со ред. Ова се револуционерните мерки што ќе го трансформираат начинот на функционирање на локалната власт, кои потоа ќе станат модел и за другите општини.
Не мислам дека изјавата на премиерот е лапсус или случајност. Мислам дека тоа е стратегија на премиерот, кој им наредува на министрите да даваат изјави како пробен балон, да го нормализираат како тема, а потоа излегува со празни негирања. Тоа е дел од стратегијата за демонтирање на Охридскиот договор. Шокантно е молчењето на ВЛЕН кон таква опасна акција, кон отворање на оваа опасна дебата и останувањето во скутот на ВМРО и покрај фактот дека се гледа дека постои план за демонтирање на Охридскиот договор. Албанците нема да дозволат демонтирање на Охридскиот договор, нема да дозволат поништување на нивниот државотворен статус и трансформација во малцинство, враќање на мајоризацијата. Оваа акција не најде обединети, како што сме денес, но ќе не најде обединети и во превенцијата. Ги повикувам и Македонците, Турците, Ромите и Бошњаците да не дозволат клептократска влада, облечена во маската на национализмот, да презема акции што ќе го загрозат мирот, стабилноста и европската перспектива на нејзините граѓани. Нема да дозволиме Охридскиот договор да биде допрен.
Тоа е во директна спротивност со извршната наредба на американскиот претседател, кој го смета доведувањето во прашање на Охридскиот договор за антиамерикански интерес. И оваа изјава, која мислам дека е наредена од Советот на министри затоа што министерот не може сам да даде изјава. Нарачана е од премиерот, за потоа да може да излезе и да ја негира, но да се разговараа за темава и да се нормализира, како што беше со балансерот, со албанскиот јазик, со непочитувањето на волјата на граѓаните, да се излезе полека, да се донесе одлука преку ноќ, тоа не поминува.
Националната Алијанса за Интеграција беше формирана за оваа цел. Затоа, претстојните избори не се само локални избори, тие се референдум, за да се зачува еднаквоста, Охридскиот договор, европската перспектива, и нема да дозволиме да станеме мајоризирано малцинство како што беше пред 2001 година.
Османи: Во врска со случајот на Алта Банка, ние навреме предупредивме. Но не бевме само ние туку 461 пратеник од Европскиот парламент оценија дека Македонија станала дел од српскиот свет.
Тоа значи дека српскиот свет влегол во стратешките системи на државата, за да воспостави влијание врз партиите на власт, а ВЛЕН станал дел од тоа заземање.
Предупредувавме за албанска банка, а завршивме со српска банка. Случајот со банката не е игра тоа е директна вмешаност и заземање на клучните механизми за влијание врз политиката.
Тие банки ќе финансираат компании и бизниси, и на тој начин, директно и индиректно, ќе ја заземат политиката на државата.
Покрај изолацијата од Европската Унија, сега се движиме кон српскиот свет, и за оваа ситуација ВЛЕН ќе сноси историска одговорност. Ова исто така ја покажува нивната маргинализација во Владата, бидејќи немаат никаков политички ефект или, да не даде Господ, станале активен дел од ова заземање.
Ова е горчливата реалност што мора јасно да ја видиме: Северна Македонија не смее да дозволи заземање на стратешките институции од српскиот свет, и никој не може да избега од историската одговорност.
Кандидатот за градоначалник, Бујар Османи, во изјава за медиумите истакна дека неговата најголема предност во оваа трка е способноста да обезбеди нови средства и да не се потпира единствено на општинскиот буџет.
„Јас имам широка мрежа контакти изградена за време на мојата кариера, како и директно искуство со фондовите на Европската Унија. Бев три години национален координатор за ИПА фондовите и исто така национален координатор за капитални инвестиции. Го познавам процесот одблизу, бидејќи сите барања на општините поминуваа низ моите раце за подготовка на досиејата. Многу често, милиони евра беа одбиени или вратени назад од ЕУ, единствено затоа што општините немаат капацитет да ги подготват проектите,“ изјави Османи.
Тој додаде дека благодарение на своето искуство и меѓународни контакти, општината ќе има можност да ангажира експерти однадвор и да обезбеди милиони евра од Европската Унија:
„Мојата предност е што оваа општина нема да зависи само од својот буџет, туку и од милионите евра што ќе можеме да ги обезбедиме преку проектите на ЕУ. Денес, овие меѓународни контакти се капитал што доаѓа во помош благодарение на односите што сум ги изградил со години.“
На крајот, Османи ги отфрли сите алузии за наводни финансиски договори:
„Нема никакви тајни финансиски договори. Архитектот од Мексико, Мишел Ројкинд, е ангажиран единствено за да донесе идеи и да помогне со своето професионално искуство. Ние сме пријатели долго време, се запознавме за време на моите меѓународни активности и тој прифати да ме поддржи единствено од таа причина – како пријател. Веќе повеќе од еден месец тој работи на развојниот план, бидејќи јас не сакам да работам без план. Сакам од првиот ден да се знае каде ќе стигне оваа работа по пет години – не како мојот противкандидат, кој дури по дваесет години сега се обидува да направи план.“
https://www.swisstransfer.com/d/2c3ee3f5-4c1b-43e0-b38e-ee198d063d16
ДУИ
Фото: Принтскрин од видео