ДУИ го поздравува поставувањето на камен-темелникот на Коридорот 8
- Демократската унија за интеграција го поздравува денешниот чин на поставување на камен-темелникот на Коридорот 8, најголемата инвестиција и најважниот инфраструктурен проект во историјата на државата.
Скопје, 4 април 2023
Демократската унија за интеграција го поздравува денешниот чин на поставување на камен-темелникот на Коридорот 8, најголемата инвестиција и најважниот инфраструктурен проект во историјата на државата.
На денот на формирањето на НАТО, кое го симболизира обединувањето на народите, се гради уште еден коридор на обединување, нов пат за напредок на земјата и зајакнување на соработката меѓу народите од регионот, неопходен за заедничкиот прогресивен развој.
Во Коридорот 8 е современата иднина која ќе ги скрати временските растојанија на патување, ќе го забрза и модернизира трговското движење на стоки, уште повеќе ќе не приближи еден до друг во главната цел за напредок и интеграција во Европската Унија.
Најголемата инфраструктурна инвестиција вредна 1,3 милијарди евра ќе овозможи поврзување со автопат со 6 ленти од Куманово и Скопје, Тетово и Гостивар, Кичево и Струга, до Тирана, Драч и Валона.
Овој проект е најдобрата услуга што им ја правиме на новите генерации кон иднината на здружување на силите за општото добро на нашите земји.
Демократската унија за интеграција посакува успешен работен процес и навремено завршување на овој колосален проект.
Демократска унија за интеграција
Фото: ДУИ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.