• недела, 28 април 2024

Дугари: Ставот на Мбапе е скандалозен, тоа е недостаток на почит

Дугари: Ставот на Мбапе е скандалозен, тоа е недостаток на почит

Париз, 12 април 2024 (МИА) - Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари фрлаше дрвја и камења кон сонародникот Килијан Мбапе. Повод секако е првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Барселона во Париз. Каталонците славеа како гости на „Паркот на принцовите“ со 3:2, а Килијан Мбапе разочаруваше со играта во текот на 90 минути.

-Тој го покажа најлошото во фудбалот, најлошото од играч од врвна класа. Може да згрешите при додавање, да не дриблате и да имате лош ден, но неговиот однос беше скандалозен, недостигаше почит, ги пренесоа светските медиуми зборовите на Кристоф Дугари, поранешен фудбалер на Бордо, Милан, Барселона. ...

Статистичарите пресметале дека Мбапе добил само два од вкупно десет дуели против Барселона, дека успеал само при еден дриблинг за 90 минути и дека немал ниту еден удар кон голот, ниту пак им асистирал на соиграчите.

Реваншите од четвртфиналето на Лигата на шампионите се закажани за следната недела: Барселона и Пари Сен Жермен играат во вторник, а Борусија и Атлетико Мадрид во Дортмунд.

Реал Мадрид во среда ќе гостува во Манчестер, додека тимот на Арсенал ќе пристигне во Минхен.дс

Фото: Архива

Остани поврзан