• вторник, 05 ноември 2024

ДСЗИ со решение за забрана на ПЗУ Санте Плус 2 во Гостивар поради немање дозвола за вршење здравствена дејност 

ДСЗИ со решение за забрана на ПЗУ Санте Плус 2 во Гостивар поради немање дозвола за вршење здравствена дејност 

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примано ниво, во просторијата лоцирана на улица „Илинденска" бб во Гостивар, бидејќи нема решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство. Како што посочуваат од ДСЗИ, решението било донесено врз основа на констатираната состојба, согласно Законот за здравствена заштита. 

- На ден 28 февруари 2024 година, ДСЗИ ПО Гостивар изврши вонреден инспекциски надзор по поднесена писмена преставка од страна на д-р. А. И. Во претставката се наведени нерегуларности кои се однесуваат на условите во просторија во кои се врши здравствена дејност. При надзорот извршен е увид во просторијата, сопственост на Бехтел Енка. Во просторијата со вкупна површина од 13м2, означена како амбуланта, се врши здравствена дејност, соопштија од Инспекторатот. 

Во моментот на надзорот затекната била медицинска опрема, лекови, потрошен медицински материјал и медицински отпад од извршени медицински интервенции, инфузии, шприцеви.

- При надзорот беше присутно одговорното лице во Бехтел Енка М. К. кој изјави дека Бехтел Енка УК2 Лимитед има склучено договор со ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје – Поликлиника на примано ниво, за обезбедување на здравствени работници и здравствени услуги  за потребите на Бехтел и Енка. Даден е на увид договорот со ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примано ниво, во кој се наведени здравствени услуги кои ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје треба да ги реализира за потребите на Бехтел и Енка. При надзорот дадена е на увид и диплома за завршен Медицински факултет при Државен универзитет Тетово за д-р Ќ.Б. и М1/М2 образец за заснован работен однос за медицинска сетра во ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје. По изјава на присутното лице д-р Ќ.Б. исто така е вработен во ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје, појаснија од Инспекторатот. 

Тимот секојдневно доѓал во посочената просторија и пружал здравствени услуги на вработените во Бехтел и Енка. 

- На 26 февруари 2024 година ДСЗИ го извести одговорното лице во ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје С.А. да биде присутна на надзорот и да достави потребна документација, но таа не присуствуваше на надзорот, се вели во соопштението од Инспекторатот. бд/ев/

Остани поврзан