• недела, 22 декември 2024

ДСЗИ извршил два инспекциски надзора во Куманово, покренати постапки за вонреден стручен надзор и прекршочен прекршок

ДСЗИ извршил два инспекциски надзора во Куманово, покренати постапки за вонреден стручен надзор и прекршочен прекршок
Скопје, 26 април 2020 (МИА) - Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) извршил два инспекциски надзори во Куманово, при што констатирал низа неправилности. При првиот инспекциски надзор, констатирано е дека и првото и второто тестирање на лица од кумановскиот Кризен штаб, тие биле извршени без спроведување редовна и задолжителна епидемиолошка анкета од страна на епидемиолог. Исто така, утврдено е дека брисовите не биле земани во просториите на Ценатраот за јавно здравје туку во зградата на Општина Куманово. -При првото тестирање биле земени брисеви на 28 лица, и сите излегле негативи. При второто тестирање, земени се 38 бриса, од кои на пет им биле позитивни резултатите. Издадени се решенија за 37 контакти. И на првото тестирање направено на 26 март и на второто изведено на 12 април, сите тестирања се заведени како скрининг, без спроведување на задолжителна епидемиолошка анкета од страна на епидемиолог. И по изјаснувањето на епидемиологот кој го вршел ова тестирање, имаме изјава дека по нејзин налог и нејзини согледување, спровела скрининг од причини кои таа ги наведува во изјавата. Ова е прекршок директно по член 27 од Закон за заштита на население од заразни болести, кој вели дека скрининг не може да се изведе без дозвола на министер, што значи дека е констатиран еден прекршок досега, рече директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова Бухова на денешната онлајн прес-конференција. Вториот прекршок е за земање брисеви во неадекватен простор. Тие биле земани во просториите на Општина Куманово, што е спротивно на протоколите. -Брисеви на лица сомнителни со индикација, епидемиолошка анкета и со симптоми исклучиво се земаат во простории на Ценатрот за јавно здравје. Секој пункт каде што се земаат брисеви, мора претходно да добие дозвола од Министерство за здравство,  објаснува Сотирова Бухова. Таа информираше дека поради овие два прекршока е во тек постапка за вонреден стручен надзор. Вториот инспекциски надзор бил извршен пред два дена и опфатил неколку институции во Куманово и во Скопје. По завршување на обемен инспекциски надзор констатирани се неколку повреди. Први, констатирана е неправилност во службата за Итна помош во однос на евиденцијата. Патниот налог на возачот бил потпишан од возачот и од уште едно лице, за кое не се знае чиј потпис е тоа. -Во службата за општа болница Куманово, евидентирани се лицата М.Д. и Г, без презиме, како итен случај во 12:13 часот за кој е креиран итен упат за Инфективната клиника во Скопје. Констатирано е дека лицето не се појавило на преглед во Инфективната клиника-Скопје. Понатаму увидот е продолжен во инфективното одделение во болницата во Куманово, каде е евидентирано за двете лица, извршен е преглед, креиран е упат за рендген на бели дробови и лабораториски анализи. За едното лице е препишано да се продложи со терапијата и препорачано домашно лекување. За второто лице е напишано дека нема потреба од терапија и дека следи домашно лекување. Следејќи ја патеката на двајцата пациенти, направен е надзор во болницата „Жан Митрев“, „Биотек“ и „Систина“. На 22 април извршени се тестирања и заведени во екектронската и во дневникот за евиденција, резултатите им се испратени по мејл на 23 април, информира директорката на ДСЗИ. Таа потенцира дека лицата секојдневно биле во контактирано телефонски со матичните лекари и не е константирано дека им се влошила состојбата. -Лицата, за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, го напуштаат местото за престој, со што е направен прекршок. Тоа е казниво по Законот за заштита на население од заразни болести и ќе се изрече прекршочен прекршок, за кое е предвидено парична казна од 300 до 600 евра во денарска противвредност. Вториот прекршок што е нотиран е неправилна евиденција во службата за Итна помош. Таму и за докторите од инфективното одделение веќе е во тек вонреден стручен надзор, информира Сотирова Бухова. ир/дма/  

Остани поврзан