• недела, 22 декември 2024

Државниот обвинител на Косово: Имаме две години да покренеме обвинение за нападот во Бањска

Државниот обвинител на Косово: Имаме две години да покренеме обвинение за нападот во Бањска

Приштина, 5 јуни 2024 (МИА) - Вршителот на должноста главен државен обвинител на Косово, Бесим Кељменди, денеска изјави дека обвинението за вооружениот напад во Бањска не е поднесено бидејќи, како што рече, според законот, рокот за поднесување на обвинителниот акт е две години, со можност продолжување за уште една година.

-Законскиот рок за поднесување обвинение е две години, со можност за продолжување во сложените случаи за уште една година, но судот го бара тоа, изјави Кељменди за приштински медиуми, пренесе Бета.

На 24 септември 2023 година, вооружена група од Србија, предводена од Милан Радојчиќ,  нападна во Бањска Косовската полиција и го уби наредникот Африм Буњаку. Косовската полиција одговори на тој напад со убиство на тројца членови на вооружената група. Радојчиќ побегнал во Србија и признал дека стои зад нападот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан