• недела, 22 декември 2024

Државниот врв со пораки за обединување на Денот на независноста, Мицкоски со најава за ресетирање на државата

Државниот врв со пораки за обединување на Денот на независноста, Мицкоски со најава за ресетирање на државата

Скопје, 9 септември 2023 (МИА) - На денот на одбележувањето 32 години независност, државниот врв со позитивни очекувања за иднината и повик за обединување на нацијата на патот кон подобар живот на сегашните и идни генерации. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, пак со порака дека обврска на ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот е да ја ресетира државата.

 
Шефот на државата Стево Пендаровски во видео честитката по повод 8 Септември, рече дека ги памети зборовите на првиот претседател Киро Глигоров, кој точно пред 32 години рече: „да ви ја честитам на сите слободна, суверена и самостојна Македонија”.

Според Пендаровски крајно време е не само на зборови, туку и во практика да се потврди дека може државата да се справи со сериозните проблеми со кои се соочува во долгиот тунел на транзицијата, која никако да ја завршиме.

Во овие турбулентни времиња, сакам да ве уверам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои никаква директна закана за безбедноста на Северна Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, посочи дека овој 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и држава со реални перспективи за членство во Европската Унија до 2030 година.

-Ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкуретно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес. Интеграцијата во ЕУ за нас дома значи уште погoлeми плати, нови работни места и поголем избор, повеќе современи градинки, училишта и болници, многу поголема државна поддршка за домашните претпријатија, уште повеќе странски инвестиции. Граѓаните денес сакаат да живеат во ваква, современа држава, којашто е дел од Европската Унија, истакна Ковачевски.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери лично и од име на пратениците на припадниците на православната вероисповед, им го честита големиот христијански празн

Честитајќи ја 32. годишнината од независноста, претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека крајно време е сите да бидеме одговорни, сo бистар поглед и јасна визија за иднината која не смее да има друг правец освен тој на владеење на правото, почитување на правата и обврските на сите граѓани на Република Северна Македонија која е заеднички дом на сите. 
 
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во честитката по повод Денот на независноста нагласи дека после 32 години независност Северна Македонија ужива посебен углед во светот и се стекна со доверба да биде посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западноевропскиот демократски цивилизациски свет.

Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, посочи дека 8 Септември е празник за надеж и празник за борба за Македонија. 

 - Таа борба никогаш нема да престане. Овој народ е пиреј и ќе се избори со сите предизвици. Македонија ја заслужува таа борба и ќе победи против корумпираната елита на власт и нивните пиони. Сонцето на слободата и просперитетот ќе огрее пак над Македонија. Нашата обврска како ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот да го направиме тој ресет и да ја издигнеме Македонија од оваа апатија и овие црнила. Тоа ќе го успееме, затоа што силно веруваме во тоа, вели Мицкоски во честитката.

И меѓународните партнери со честитки по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Американскиот Сенат со големо мнозинство го потврди именувањето на Ентони Блинкен за шеф на американската дипломатија, шест дена по инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во честитката по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија ја истакна поддршката на САД за натамошно разивање на партнерските односи, за просперитет и интеграција на земјава во ЕУ и за промоција на владеењето на правото. 

-Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Северна Македонија во спроведувањето на реформите за интегрирање во Европската унија и воспоставување уште посилни односи со соседните европски земји, наведува Блинкен во честитката што ја објави Стејт департментот.

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, во интервју за МИА, говори за потребата од организирање фер и демократски избори што е можно побрзо, за државата да мо

Европратеникот и известувач на Европскиот парламент за напредокот на земјава Илхан Ќучук во видео пораката по повод Денот на независноста посочи дека патот на Северна Македонија кон независноста не беше само борба за политичка автономија, тој беше доказ за трајната моќ на единството.

- Докажавте дека вашата сила лежи во вашата способност да се здружите, да ги надминете разликите за да изградите обединета земја. Денот на независноста служи како потсетник дека вашиот напредок како нација е континуирано патување. Постигнавте многу, но има уште работа. Изградете општество кое напредува на различностите, ја прифаќа инклузијата и ги поддржува принципите на правда и еднаквост за сите, вели Ќучук.

НАТО Алијансата и Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум со фотографии и видеа од македонските војници во заедничките операции, го честитаа 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста преку Министерството за внатрешни работи до граѓаните на Република Северна Македонија беше упатена и од страна на Оперативниот тим на европската Агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС). 

Во честитката, во чест на овој посебен ден кој претставува постигнување значајна пресвртница во историјата на земјата, како што информираат од МВР, се вели: „Овој ден го означува раѓањето на вашата нација и почетокот на новото поглавје во вашата историја. Тоа е ден за сеќавање и чест на жртвите на вашите предци кои се бореле за слободата и ослободувањето на вашата земја. Ова е, исто така, ден за славење на достигнувањата и напредокот што вашата земја ги постигна низ годините“.

Денот на независноста беше одбележан со низа настани под мотото„ 8 Септември Гласник на слободата“. Армијата имаше тактичко показни вежби, беа организирани спортски активности, културно-уметнички програми, а  граѓаните  бесплатно можеа да ги посетат музеите и археолошки локалитети низ целата држава. дма/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан