• среда, 29 мај 2024

Државите од НАТО, како и Финска и Шведска доставуваат помош на Турција по разорните земјотреси

Државите од НАТО, како и Финска и Шведска доставуваат помош на Турција по разорните земјотреси

Брисел, 8 февруари 2023 (МИА) - Државите од НАТО, како и Финска и Шведска, доставуваат помош на Турција по разорните земјотреси. Повеќе од 1.400 спасувачи од повеќе од 20 земји се испратени во Турција за да им помогнат на своите 53.000 турски колеги, се вели во соопштението на Алијансата.

Во погодените подрачја се испратени екипи за пребарување и спасување, пожарникари и инженери, лекари и сеизмолози. Сојузниците се подготвени да обезбедат дополнителна помош, додаде портпаролот на НАТО, Оана Лунгеску.

Поддршката се обезбедува преку Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи. рп/

 

 

Остани поврзан