• сабота, 21 декември 2024

ДПМ во Србија со честитка до ВМРО-ДПМНЕ и барање за реципроцитет каков што имаат Србите во Македонија

ДПМ во Србија со честитка до ВМРО-ДПМНЕ и барање за реципроцитет каков што имаат Србите во Македонија

Белград, 10 мај 2024 (МИА) - По победата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и Сиљановска Давкова, а во пресрет на локалните избори во Србија, најстарата партија на македонците во Србија-Демократската партија на Македонците (ДПМ) му ја честиташе победата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, изразувајќи надеж за добивање реципроцитет во извршната власт каков што имаат преставниците на српската заедница во Македонија, откако постигнаа соработка со СНС на локално ниво, јави дописникот на МИА од Белград.

Во честитката испратена преку соопштение на претседателката на ДПМ, Маја Гергиевска, до „новоизбраната претседателка на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, и изборот на новото парламентарно мнозинство предводено од Христијан Мицкоски, кој неуморно во текот на кампањата успеа да ги разбуди и обедини Македонците и да направи невиден успех на партијата што ја предводи“, се наведува дека ДПМ е најстарата македонска партија во Србија, формирана во 2004 година, а од тогаш до 2017 година Македонците имаа свој одборник во собраниските клупи на градот Панчево, како и првиот пратеник македонец во српското собрание во 2012-2014 година.

-Според последниот попис, Панчево има 5.000 Македонци, иако таа бројка е многу поголема, тоа е последица на односот и третманот што го имаат Македонците во Србија. Но, со историската победа на партијата ВМРО - ДПМНЕ на чело на господинот Мицкоски веќе сега, два дена подоцна, ја чувствувам убавината во тоа што сум горда Македонка, изјави во соопштението Маја Гергиевска, претседател на ДПМ.

Таа доаде дека „веќе има позитивни промени во односот на локалните функционери кон мене како претседател на Демократската партија на Македонците во Србија“.

-Важно е да се истакне дека се радуваме на фактот што претставниците на српската заедница во Р. Македонија ќе имаат свое место во извршната власт, надевајќи се на реципроцитет и почит кон нас Македонците како лојален и братски народ во Р. Србија. Во тоа име мора да се радуваме во моментов, што конечно ги направивме првите чекори во соработката со најсилната политичка партија во Србија (СНС), надевајќи се дека тоа ќе доведе до подобрување на статусот на македонската заедница во Р. Србија. Во овој момент сите договори се однесуваат на соработка на територијата на градот Панчево, додека во Врање веќе имаме наш одборник и советник на градоначалникот. Да живее Македонија!!!, се наведува во соопштението на ДПМ од Панчево до медиумите. об/нд/

Остани поврзан