• среда, 29 мај 2024

До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64

До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64

Велес, 24 Април 2024 (МИА) - До 15 часот на 84 избирачки места во Велес и велешко од 44.858 избирачи правото на глас го оствариле 17.459 гласачи или 38,93 отсто, информира за МИА Ребека Бајдевска Ѓошева член на ОИК Велес.

Во Општина Чашка на 31 избирачко место со 6.076 гласачи на единствениот избирачки список до 15 часот гласале 2.260 избирачи или 37 отсто, информираат од ОИК Чашка.

Во Општина Градско на 11 избирачки места со 3.019 гласачи до 15 часот гласале 1.260 или 41,64 отсто што е најмногу од овие три општини.

Од сите три општински изборни комисии за МИА информираат дека се на терен и постојано се во координација со избирачките одбори во сите избирачки места.ад/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан