• четврток, 16 мај 2024

Дописничката на МИА од Атина избрана за потпретседател на Асоцијацијата на странски дописници во Грција

Дописничката на МИА од Атина избрана за потпретседател на Асоцијацијата на странски дописници во Грција

Атина, 9 ноември 2023 (МИА) - Дописничката на МИА од Атина, Сања Ристовска, е избрана за потпретседател на Управниот одбор на Асоцијацијата на странски дописници во Грција, по изборите одржани минатата седмица. 

Управниот одбор на Асоцијацијата едногласно ги избра членовите, меѓу кои Нектариа Стамули од Политико е претседател, а Ристовска потпретседател. 

Изборите во Асоцијацијата се одржуваат секои две години, а ова е втор пат дописничката на МИА да биде избрана за член на УО, со оглед на тоа дека изминатите две години беше генерален секретар. 

Асоцијацијата на странски дописници во Грција (ФПА) е непрофитна и невладина организација основана во 1916 година и е единствената официјално призната организација за претставниците на странски медиуми во земјата, со речиси 200 членови од 100 странски медиуми од 30 земји. 

Ристовска е дописничка на МИА од Атина од 2018 година. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан