• понеделник, 24 март 2025

Дождливо до крајот на неделата, наместа врнежите ќе бидат пообилни

Дождливо до крајот на неделата, наместа врнежите ќе бидат пообилни

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Променливо облачно со повремени врнежи од дожд ќе биде до крајот на оваа недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што прогнозира УХМР, процесите наместа ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер, и до над 60 километри на час.

-Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, над 60 литри на квадратен метар, информира Управата.

Во Скопје, до крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

-Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, прогнозира УХМР.

Во извештајот до  13 часот, за состојбата со наврнат воден талог во изминатите шест часа,  Управата соопшти дека најмногу литри (11 на метар квадратен) се измерени на Попова Шапка, 9 во  Маврови Анови, 8 во  Лазарополе, 7 литри во Тетово и Пожаране, 2 во Скопје - Петровец, Скопје - Зајчев Рид и Крушево и по еден литар воден талог на квадратен метар измерени во Охрид, Куманово, Крива Паланка, Виница и Велес. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан