• вторник, 24 декември 2024

Доделени 42 вредносни ваучери за новороденчиња во општина Неготино

Доделени 42 вредносни ваучери за новороденчиња во општина Неготино
Неготино, 2 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов денеска додели 42 вредносни ваучери во висина од по 7.000 денари, за новороденчиња од општина оваа општина.
- Станува збор за финансиска поддршка која ја доделуваме во континуитет како поддршка за младите родители, а овој пат ваучерите ги доделивме за новородените деца во месеците септември и октомври, оваа година. Родителите изразија благодарност за поддршката што ја добија од општина Неготино, а јас им посакав нивните најмили да бидат здрави и среќни, рече  Стојанов.
Тој нагласи дека локалната самоуправа, во иднина, како и досега, ќе спроведува вакви и слични проекти, за поддршка на разни категории граѓани. свд/

Остани поврзан