• четврток, 09 јануари 2025

Доделени пакети со прехранбени намирници на 40 -тина социјално загрозени семејства во Маџир Маало и Крњево

Доделени пакети со прехранбени намирници  на 40 -тина социјално загрозени семејства во Маџир Маало и Крњево

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Општина Центар во соработка со невладината организација „Банка за храна„ во пресрет на Божикните празници им додели пакети со прехранбени намирници на четириесетина социјално загрозени семејства во Маџир Маало и Крњево. Градоначалникот Горан  Герасимовски им посака на своите сограѓани убави празници и порача дека општината ќе продолжи да се грижи и да помага каде што е најпотребно.

-Се надевам дека оваа помош е добредојдена, особено во пресрет на Божиќните празници. Центар е општина која се залага за политиката „Нула глад во Општина Центар’’. Во фокус на нашите социјални проекти и оваа година останува борбата против сиромаштијата, создавањето еднакви услови за сите, поддршка за најранливите категории на граѓаните. Како локална самоуправа, најблиску сме до нашите жители. Ги знаеме нивните потреби и подготвени сме соодветно да одговориме на нив. Ви посакувам убав Бадник и Божик, хармонија и мир во вашите семејства,им порача Герасимовски.

Воедно,  упати повик до сите лица и семејства во социјален ризик да аплицираат и да се пријавуваат за да станат корисници на општинските проекти и програми за социјална помош и заштита.

Од Општина Центар информираат дека во рамките на соработката на Центар и „Банка за храна’’ редовно се доделуваат пакети за социјални случаи, згрижувачки семејства и пензионери со ниски примања на територијата на општината.

Во периодот од 2021 до 2023 бие  доделени повеќе од 3.000 хуманитарни пакети за најранливите семејства и воени ветерани во општината. ад/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан