• петок, 26 јули 2024

Дислоцирана споменикот на народниот херој Страшо Пинџур

Дислоцирана споменикот на народниот херој Страшо Пинџур

Кавадарци, 23 ноември 2023 (МИА) - Дислоциран е споменикот на народниот херој Страшо Пинџур, информираа попладнево од кавадаречката локална самоуправа. Спомен бистата долги години беше во дворот на поранешниот  ДИК „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, а сега е дислоцирана во село Ваташа.

- Иницијативата беше на месната заедница на село Ваташа, село во кое што се наоѓа и неговата спомен куќа. Дислокацијата е согласно на одлука на Советот на Општината. Во изминатиов период се покажа грижа кон сите спомен обележја на кавадаречка територија, нагласија од локалната самоуправа. 

Оттаму потсетија дека претходно, спомен бисти од неколку локации, беа поставени во Паркот на Револуцијата во центарот на Кавадарци. свд/са/


Фото: МИА архива

Остани поврзан