• вторник, 14 мај 2024

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени во соработка со УНДП

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени во соработка со УНДП

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на дискусијата насловена „Заедничка иницијатива за климатска акција“, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан,  а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени.

На дискусијата, која ќе се одржи во кабинетот на претседателот Пендаровски, ќе учествуваат претставници на граѓански организации и климатски активисти, коишто ќе ги акцентираат прашањата поврзани со климатските предизвици, ќе ги презентираат сработените активности и ќе претстават идеи и можни решенија со цел заедничко дејствување против климатските промени. дма/хс/

Фото:МИА архива

Остани поврзан