• вторник, 23 јули 2024

Директорката на ММФ очекува намалување на каматните стапки во втората половина на годинава

Директорката на ММФ очекува намалување на каматните стапки во втората половина на годинава

Дубаи, 12 февруари 2024 (МИА) – Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска на Светскиот самит на влади во Дубаи изјави дека очекува намалување на каматните стапки во втората половина на 2024 година.

- Очекувам дека каматните стапки од средината на годината ќе тргнат по истиот пат како и инфлацијата, која е во пад изминатава година, рече Георгиева.

Според неа, ММФ е убеден дека светската економија ќе доживее таканаречено „меко приземјување“, додавајќи дека тоа е „сценарио за кое сонувавме“.

Терминот „меко слетување“ се однесува на умерен или благ пад на економската активност. Директорката на ММФ претходно најави дека е уверена во добрите економски перспективи и издржливоста на глобалната економија и покрај неизвесностите поради војните и сложената геополитичка ситуација. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан