• понеделник, 08 јули 2024

Димовски победник на Белградскиот спринт триатлон

Димовски победник на Белградскиот спринт триатлон
Белград, 13 јуни 2021 (МИА) – Победник на 27. Белградски спринт триатлон, што се одржа вчера на Ада Циганлија е 18-годишниот Иво Јован Димовски, кој иако јуниор, успеа со филмски фотофиниш да ги надмудри сите останатите натпреварувачи. Со 11 медали се врати триатлон-тимот на „Триоги рејсинг“ од Скопје. Од останатите македонски натпреварувачи, медали освоија: *Пионери - Марио Брезовски освои златен медал. *Млади јуниорки – Магдалена Станковска – сребрен медал и Ева Здравев – бронзен. *Млади кадетки – Јована Каленикова - освои златен медал, Јана Ѓоријевска – сребрен, а Хана Јовановска – бронзен. *Млади кадети – Бобан Јаневски освои сребрен медал, а Јосиф Малински – бронзен. *Млади пионерки - Калина Ѓорѓијевска освои трето место во млади пионерки. *Возрасни - Александар Здравев - златен медал Стефан Делев од клубот „Софка“ од Скопје го освои третото место во категоријатa млади јуниори. зс/

Остани поврзан