• среда, 26 јуни 2024

Димитриеска Кочоска: Во Македонска Каменица градоначалникот реализира проекти кои се во завршна фаза од 600 илјади евра

Димитриеска Кочоска: Во Македонска Каменица градоначалникот реализира проекти кои се во завршна фаза од 600 илјади евра
Скопје, 22 септември 2022 Почитувани, Наспроти хроничното неработење на градоначалниците на СДСМ и ДУИ, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај тешките услови во кои што работат, и покрај потешкотиите со кои се соочуваат, покрај енергетската криза и понатаму продолжуваат со реализација на своите проекти. Од таа причина денеска сум во Македонска Каменица во посета на општина која што е еден убав и позитивен пример дека и во вакви услови може да се реализираат проекти. Оваа општина во изминатиот период откако градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ ја предводи има реализација на проекти во завршна фаза некаде над 600 илјади евра, притоа спортско рекреативен центар ќе добијат луѓето од Македонска Каменица, имаме осветлување на Кејот во овој период реализирано, осветлување на влезот и излезот од македонска Каменица. Значи нашите градоначалници и понатаму покажуваат дека промени се случуваат, дека станува збор за различен пристап на однесувањето, реализирање на проекти и покрај кризата со едно домаќинско работење и покажуваат на еден начин дека може навистина на еден убав начин и со домаќинско работење правилно да се насочат и да се трошат парите на граѓаните.
Забеганоста на владата нема крај, во услови на енергетска и екеономска криза трошат пари за риба и октоподи Освен зборот забеганост јас не можам друго да кажам. Затоа што во услови на економска и енергетска криза, кога повеќе од 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата тие прават ваква јавна набавка, вели Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира набавката за риба и октопод за владата на СДСМ. Димитриеска Кочоска потенцираше дека наместо парите да се пренаменат за мерки за социјално ранливите категории во услови кога цената на електричната енергија драстично расте, како и на основните продукти, власта продолжува да се луксузира. Наместо тие пари да ги пренасочеа за мерки за социјално ранливите категории, ние до овој момент гледаме дека мерки за поддршка на овие категории немаме поготово во овие услови кога вака драстично скокнаа цените на електричната енергија и последните сметки кои што ги добиваме како домаќинства, истакна Димитриеска Кочоска.

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан