Димитриеска-Кочоска ги слушна барањата на професионалните сметководители – Барањата писмено да се достават, во Собранието е закон за надминување на проблемот со поднесувањето завршни сметки
- СООПШТЕНИЕ

20 февруари 2025
Минисерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска пред Министерството за финансии ги ислуша барањата на професионалните сметководители кои протестираа барајќи решение на проблемот со поднесување на завршните сметки за 2024 година.
„Го прекинав состанокот со Занаетчиската комора, којшто беше во тек, за да ги ислушам барањата на професионалните сметководители и замолив барањата во писмена форма да ги достават во Архивата на МФ со цел соодветно да постапиме“, рече министерката за финансии.
Таа воедно ги информираше дека веќе се поднесени законски измени во Собранието за да се премости настанатиот проблем, односно да можат да ги потпишуваат годишните сметки за 2024 година и сметководителите коишто се времено избришани од регистарот да можат нормално да продолжат со својата работа.
„За сите останати законски пречки, услови и ограничувања дополнително ќе разговараме со сите засегнати страни затоа што веруваме во отворениот дијалот и во посветената работа. И претходно во опозиција, и сега од позиција на министер за финансии цврсто ќе ги бранам своите ставови кои секогаш сум ги градела врз основа на исправното и законито работење, тоа така ќе остане и во иднина“, напиша министерката во објава на ФБ.
Линк до објавата:https://www.facebook.com/share/p/1Vsn2fsFsd/
Министерство за финансии
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.