• четврток, 04 декември 2025

Димитриеска-Кочоска во посета на Луксембург на состанок на Конституенцата на ММФ и Светска банка

Димитриеска-Кочоска во посета на Луксембург на состанок на Конституенцата на ММФ и Светска банка

Скопје, 2 јули 2025 (MIA) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, од денеска до 4 јули 2025 година ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе учествува на редовниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, соопштија од Министерството за финансии.

РС Македонија, велат, е дел од Холандската конституенца, а министерката за финансии ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светската банка.

На маргините на состанокот, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции и со министри за финансии од земјите членки на Конституенцата.

-Средбите ќе бидат посветени на актуелните глобални економски предизвици, на политиките за одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст, како и на поддршката за реформските процеси во РС Македонија, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Учеството на вакви состаноци претставува значајна можност за унапредување на соработката со ММФ, Светска банка и другите членки на Конституенцата, како и за презентирање на макроекономските политики и реформската агенда на Владата. сст/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан