• среда, 26 јуни 2024

Димитриеска-Кочоска: Владата носи мерки кои не даваат резултат, затоа крајните цени само растат

Димитриеска-Кочоска: Владата носи мерки кои не даваат резултат, затоа крајните цени само растат

15 октомври 2023 

Најголемата криза во Македонија е што СДСМ е на власт. СДСМ и ДУИ направија во Македонија да има поголема криза отколку што е кризата било каде на друго место во Европа и во светот, рече Гордана Димитриеска - Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата во рамки на кампањата важно! Од Тебе зависат промените што се одржува во Неготино.

Власта не знае што прави, оцени потпретседателката и додаде дека немаат идеи и оти ние имаме поголема инфлација од било каде во регионот. Таа објасни како стигнавме до тука.

„Постојано  зборуваме  за инфлацијата , а они многу често ја врзуваат со кризите. Меѓутоа во уште во мај 2021 година кога никој не зборуваше за инфлација јас имав текст во кој кажав дека веќе почнува да расте инфлацијата во Македонија и тоа беше период кога инфлацијата во Македонија беше повисока од онаа во ЕУ и беше знак дека нешто се случува’, кажа Кочоска.

Кочоска се осврна прво на законот за минимална плата каде како што рече минималната плата не ја пратеше продуктивноста.

„Легитимно е секоја влада да носи мерки, за поздравување е да се зголеми минималната плата, но знаеме дека мора да ја следи продуктивноста. Во 2019 година донесоа еден закон со кој придонесите на приватниот сектор ги субвенционираа нешто што потоа го укинаа и сега наместо паралелно со законот за зголемување на минимална плата требаше да внимаваат на продуктивноста на компаниите или требаше и мерки да му помогнат на секторот да ја зголеми продуктивноста, ама ги немаше. Така овој пораст на плати се прелеа на крајните цени“, кажа Кочоска.

Според неа и во земјоделието откако се на власт, субвенционирањето или го намалуваат или е на исто ниво.

„И така ќе видите дека помошта што ја добиваат од година во година е помала и од статистика ќе видите дека од година во година увозот на земјоделските производи расте, има се помало производство на млеко,  пченица и ако ова не беше знак не знам што повеќе требаше само соодветно да реагираат“, кажа таа.

Кочоска укажа и дека зборуваа за прогресивно оданочување, за сузбивање на сива економија па додаде дека донесоа мерка или дефиниција дека не може да има плаќање во готово повеќе од 500 евра.

„Па и тоа го сменија и во суштина во континуитет го менуваа начинот на однесување што создаваше една непредвидливост кај приватниот сектор и сето ова ги менуваше очекувањата и тој сектор почна полека да ги  зголемува своите цени на финалните производи“, кажа Кочоска.

Според неа ова е првата фаза кога влеговме во висока инфлација. Таа укажа дека клучно е и тоа што цената на електричната  енергија расте, а расте зошто ЕСМ го проби дното во најмало годишно производство на електрична енергија.

„И кога во се се намалува производство почнавме рано да одиме кон растење на инфлација. И потоа се почна со задоцнети мерки, потоа почна војната во Украина“, кажа таа.

Вториот момент, додаде Кочоска, кој исто беше задоцнет и непредвидлив е тоа што ја замрзнаа трговската маржа.

„А кога ќе ги прашате што значи, никој нема да ви каже, сложена проблематика е. Кога видоа дека тоа не функционира почна да замрзнуваат цени, а кога ќе ги одмрзнат почнуваат многу да растат. И ако ги видиме бројките на инфлација за 2022 јули, август и како растела во однос на просекот во 2021, тој просек ќе ви каже дека јули 2022 сме имале пораст на инфлација или 23,4 проценти, во август 27 проценти. И ова е исклучиво на храна и се гледа дека мерките не дале резултат, ама пак го прават истото замрзнуваат цени“, заклучи таа.

Оттука, кажа Кочоска, бизнис секторот ништо добро не очекува од Владата и тоа го вметнува во крајните цени.

„Не може секој ден да им менувате мерки, менувате ДДВ, носите прогресивен данок и слично, а од друга страна им растат и каматите на кредитите значи фирмите имаа само непредвидлива околина.. Притоа повеќе од 80 посто од платата граѓаните ја трошат на храна“, кажа Кочоска.

 

Стојаноски: Економскиот тим на Владата да си поднесе оставка

„Економијата е онаа платформа на која граѓаните гледаат дали нивниот квалитет на живот е подобар, полош и тоа врз основа на нивната економска состојба ги носат и другите сериозни животни одлуки. Капиталните инвестиции во секој еден Буџет се оние средства кои се одвојуваат за капитални проекти, односно за нови училишта, болници, автопати, патишта, експресни патишта и сето она коешто е како објект, а којшто треба да го зголеми квалитетот на животот на граѓаните“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната Дебата за Македонија – Економски политики за достоинствен живот и ЕУ интеграција во Неготино во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависта промените!“.

Тој посочи дека власта на СДСМ и ДУИ изминатите 7 години не заковала ниту една шајка.

„Апсолутно се согласувам со квалификацијата дека една шајка не заковаа, бидејќи ова може најмногу да се види преку оној мерлив критериум дали во изминатите 7 години додека ДУИ и СДСМ се на власт можете да се сетите на некаков голем проект, дали тоа е нов изграден клинички центар, можеби нов стадион, нова сала, некое ново игралиште, ново започнат нов автопат, експресен пат, магистрален пат, за тоа колку локални патишта се изградиле итн., а замислете се потрошија преку 22-23 милијарди евра ако ги соберете сите оние средства кои биле планирани за оваа намена“, рече Стојаноски.

Стојаноски додаде дека власта секогаш кога ќе почне годината вели дека тоа ќе била рекордна година во која се предвидени средства за капитални инвестиции, но средствата секогаш се крадат.

„Секогаш кога ќе започне годината ни велат оваа година ќе биде рекордна година во која се предвидени средства за капитални инвестиции, таква требаше да биде 2023-та година каде овие "Махери за економија" како што ги видовме на овој клип каде не знаат како се донесени одредени одлуки предвиделе 800-тини милиони евра за да ги реализираат во оваа намена и секогаш се случуваат две или три работи кои особено се интересни. На 9-ти месец, заклучно да го земеме и 10 ти месец да го земеме како што сега сме во моментов нема реализација поголема од 55-56% на таа сума и сега невозможно е од 10-ти до 12-ти месец да се реализираат овие средства кои се останати и што се случува? Наместо да изградиме ние тоа некој голем проект кој ќе остане за граѓаните, тие средства се прави одредена злоупотреба преку тоа што се префрлаат кон ЕЛЕМ, Пошти, Македонски железници за да може тие претпријатија да бидат ликвидни, е сега замислете од 2021-та година заклучно со денешниов датум 380 милиони евра се префрлени кон ЕЛЕМ за набавка на електрична енергија и за исплаќање на плати нешто што додека Гордана Димитриеска Кочоска беше во тоа претпријатие или гордо можам да кажам додека ВМРО-ДПМНЕ управуваше со институциите таа компанија беше една од најдобро ликвидните и беше една од најпрофитабилните државни институции. Понатаму може да видите дека тие средства секогаш се крадат или се пренаменуваат во средства кон македонската банка за развој, па се даваат брзи кредити за стопанството и на тој начин се крева процентот на реализација на капиталните проекти“, рече Стојаноски.

Тој истакна дека треба да се погледне и тоа што изградила власта како капитални проекти.

„Кога ќе видиме малку по аналитички дали се имаат изградени капитални проекти еве ќе ве потсетам само на еден проект а тоа е автопатот Кичево – Охрид. Тоа е еден споменик на неспособноста на СДСМ кој замислете го оставивме ние како Влада кога ги напуштавме институциите на 50 проценти реализација, па прво беше трасата искривена, па потоа немало клучки за да ден денес иако кажаа дека рокот е 2023-та година јас ве уверувам тука дека сеуште трасата не е пробиена. Се сеќавате на автопатите Миладиновци – Штип каде не можеа да го завршат безмалку една година или Демир Капија – Смоквица каде само чочек удрија и единствено нешто што направија е што го прекрстија автопатот „Пријателство“„, истакна Стојаноски.

Стојаноски рече дека она што ќе остане како наследство од СДСМ е тоа што државата и граѓаните ќе плаќаат пенали за нереализираните капитални проекти.

„Од она кое треба да се нотира и што ќе остане како наследство на СДСМ е тоа што сите ние тука ќе платиме пенали за нереализирани капитални инвестиции покрај тоа што се обезбедени средства и изработени се проекти и само требаше да ги продолжат. Такви беа зградите на ФИНКИ и ФФК, таква беше ситуацијата и со клиничкиот центар во Скопје. Се сеќавате дека тогаш за 170-тина милиони евра требаше да отпочне изградбата на нов наместо на тоа што го предвиде Венко Филипче и овие кои се економистиве во владава за половина милијарда евра за кој нормално ние не дадовме дозвола да се изгради затоа што ќе беше нова плачка на векот како што сега е оваа со Коридориве на Артан Груби. Тој не само што не го отпочнаа тука ние заедно што седиме ќе треба да плаќаме пенали во износ од 18 милиони евра. Исто така оваа година сите ние заедно тука плативме 18 милиони евра за пенали заради тоа што еден потпис фалел за да се издаде еврообврзница“, вели Стојаноски.

Стојаноски е дециден дека во однос на пенали државата треба да плати 36 милиони евра.

„Ако ги собереме само овие средства во однос на пенали што оваа држава треба да ги исплати тоа се 36 милиони евра, а 36 милиони евра се 36 нови градинки, што значи оваа година ние нема да имаме новоизградена градинка никаде во државава,  нема да се изгради ново основно училиште, нема да се градат средни училишта и факултети, нема да се изгради клиничката болница во Штип, Скопје, Кичево, нема да започнеме нов автопат но ќе платиме 36 градинки, 36 милиони евра во однос на пеналите“, потенцираше Стојаноски.

Според Стојаноски економистите од Владава и економскиот тим треба да си поднесат оставка.

„Она што треба да го направат овие економистиве од Владава и економскиот тим е тоа веднаш и без исклучок да си поднесат оставка бидејќи да имате вие ситуација до државата каде 7 години нема да отпочнете ниту 2-3 метри, не зборувам за километри бидејќи километри се научна фантастика за овие луѓе, почнати патишта или некаков капитален проект и да имате ситуација каде ќе гледате видео клипови секојдневно на сите на ТВ станици во државата во националните дневници како луѓе плачат за да не можат да си обезбедат еден леб дома или да си го протуркаат месецот најдоброто нешто што можете да го направите да си поднесете оставка“, заклучи Стојаноски.

Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан