• вторник, 23 јули 2024

ДИК: 11.224 лица до вчера се провериле во избирачкиот список

ДИК: 11.224 лица до вчера се провериле во избирачкиот список
Скопје, 3 септември 2021 (МИА) - Вкупно 11.224 лица до вчера се провериле во избирачкиот список, а поднесени се вкупно 33 барања за запишување во избирачкиот список, 25 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 19 барања за измена на податоците во избирачкиот список, информираат денеска од Државната изборна комисија (ДИК). ДИК известува дека постапката за јавен увид во Избирачкиот список тече и истата ќе трае до 9 септември 2021 година. До Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk  се поднесени вкупно 36 барања. аа/са/

Остани поврзан