• среда, 01 јануари 2025

ДИК по обработени 90 отсто од избирачките места: Милановиќ убедливо води, но падна под 50 отсто од гласовите

ДИК по обработени 90 отсто од избирачките места: Милановиќ убедливо води, но падна под 50 отсто од гласовите

Загреб, 29 декември 2024 (МИА) - Според последните податоци на хрватската Државна изборна комисија (ДИК), врз основа на обработени над 90 проценти од избирачките места, актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, се уште води убедливо, но падна под 50 отсто од гласовите, што значи дека Хрватска сепак се приближува до вториот круг од претседателските избори.

Милановиќ во моментов има 49,43 отсто од гласовите, а кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, е далеку зад него со 20,05 отсто.

Независната кандидатка Марија Селак Распудиќ освои 8,92 отсто, а Ивана Кекин од Можеме - 8,43 отсто.

Доколку ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите на избирачите кои излегле на гласање, двајцата кандидати со најмногу гласови влегуваат во вториот круг за две недели. паг/

Фото: ЕПА


 
 

 

Остани поврзан