• понеделник, 20 мај 2024

Де ла Фуенте: Шпанија може да триумфира на ЕУРО 2024

Де ла Фуенте: Шпанија може да триумфира на ЕУРО 2024

Мадрид, 8 декември 2023 (МИА) – Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте изјави денеска оти неговиот тим е способен да ја освои титулата на Европското првенство кое идното лето ќе се одржи во Германија, шест месеци откако Црвената фурија триумфираше во Лигата на нации.

„Ќе се бориме за да го освоиме Европското првенство. Освојувањето ќе зависи од илјадници детали, но ние смо на ранг на најдобрите репрезентации“, изјави Де ла Фуенте во интервју за шпанскиот весник „Марка“.

ЕУРО 2024 почнува за седум месеци, а Шпанија во групната фаза ќе игра против бранителот на титулата Италија, Хрватска и Албанија.

Де ла Фуенте рече дека при изборот на играчите кои ќе ги повика за Европското првенство најважен критериум е тие да се добри личности.

„За мене е најважно играчите да бидат добри луѓе. Добрите луѓе имаат почитување кон другите, колегијалност, солидарност и хуманост. Без тоа јас не гледам успех во колективен спорт“, посочи шпанскиот фудбалски селектор. ег/мс/

фото: Фејсбук

Остани поврзан