• четврток, 25 јули 2024

Де Бјази ја напушти функцијата селектор на азербејџанската репрезентација

Де Бјази ја напушти функцијата селектор на азербејџанската репрезентација

Баку, 22 ноември 2023 (МИА) - Селекторот на азербејџанската репрезентација Џани де Бјази ја напушти функцијата, соопшти прес-службата на Асоцијацијата на фудбалски федерации на земјата (АФФА).

АФФА одлучи да не го продолжи договорот со 67-годишниот Италијанец.

Де Бјази беше тренер на националниот тим на Азербејџан од 2020 година. Претходно ја водеше и албанската репрезентација, како и клубовите Торино, Леванте, Удинезе и Алавес.

Азербејџан го зазеде 4. место во групата Ф на квалификацискиот турнир за Европското првенство 2024 година и не избори пласман на континенталниот собир во Германија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан