• недела, 22 декември 2024

Јусеф Ел-Несири потпиша за Фенербахче, стана најскапиот трансфер во историјата на турската Суперлига

Јусеф Ел-Несири потпиша за Фенербахче, стана најскапиот трансфер во историјата на турската Суперлига

Истанбул, 25 јули 2024 (МИА) - Мароканскиот напаѓач Јусеф Ен-Несири потпиша петгодишен договор со турскиот гигант Фенербахче, соопштија од клубот. Последните четири сезони ги помина во шпанска Севиља, а сега беше привлечен од тренерот на „фенерите“, Жозе Мурињо.

Фенербахче за правата на мароканскиот фудбалер ќе плати 19,5 милиони евра, со што ќе стане најскапиот трансфер во историјата на турската Суперлига.

„Добредојдовте во Фенербахче на Јусеф Ен-Несири“, напишаа од клубот на својот профил на социјалната мрежа Х.

Мароканскиот интернационалец има 73 натпревари и 20 гола за националниот тим, постигнувајќи 73 гола на 169 натпревари за Севиља, со која двапати ја освои Лигата на Европа - во 2020 и 2023 година.

Ен-Несири, кој го однесе Мароко во полуфиналето на Светското првенство во Катар пред две години, ќе биде партнер во нападот на Фенербахче со босанскиот ветеран Един Џеко.

Фенербахче ја нема освоено титулата во Турција од 2014 година и сака да стави крај на таа суша. Клубот од азискиот брег на Истанбул ја заврши минатата сезона на второто место зад големиот ривал Галатасарај. дс

Фото: Фејсбук/Фенербахче

Остани поврзан